Јаневски: Веруваме во позитивен резултат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот на Вардар веќе е во Норвешка каде утре со почеток од 19 часот ќе игра против домашниот тим на Розенборг.

Пред натпреварот играчите одработија и тренинг на арената „Леркендал“, а потоа имаа и официјална прес конференција на која се обратија Чеде Јаневски и Никола Глигоров.

Предводникот на „црвено црните“ вели дека имаат респект кон противникот но дека целосно веруваат во позитивен резултат.

„Имаме респект за нашиот противник, затоа што има огромно искуство со европски натпревари. Но, ние веруваме во нашиот квалитет и веруваме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Не би сакал никого да издвојам од противничката екипа, бидејќи тие се добри како колектив. Ги гледавме неколку пати оваа сезона, направивме добра анализа. Подготвени сме да се надигруваме со противникот. Сите го знаеме Бендтнер кој што има играно во големи клубови, има многу вакви натпревари, но исто така Розенборг е екипа која што поседува одлични играчи во средината на теренот. Не можам да кажам дека сигурно ќе победиме, тоа е тешко да се каже особено на вакви натпревари, но дојдовме тука да одиграме добар натпревар, и се наевам дека тоа ќе ни донесе позитивен резултат. И ние и Розенборг имавме лош старт во групната фаза од Лигата на Европа, и сега на некој начин двата тима ги посакуваме првите бодови“- коментираше Јаневски.