Глигоров: Подготвени сме да го дадеме максимумот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Заменик капитенот на Вардар пред утрешниот натпревар против Розенборг истакна дека се подготвени за предизвикот и дека со максимален респект влегуваат во натпреварот против тимот кој го елиминира славниот Ајакс на патот кон Лигата на Европа.

„Знаеме против каков противник играме. Розенборг добро е анализиран од наша страна. Во своите редови добри играчи, поединци, пред се тука најпознат е Бендтнер кој што има огромно искуство со репрезентацијата и со настапите во силните првенства во Европа. Тоа што успеаја да го елиминираат Ајакс во Лигата на Европа, доволно кажува за нашиот противник. Меѓутоа ние сме подготвени да дадеме максимум на теренот, да се преставиме во добро светло, и се надевам дека гледачите кои ќе дојдат утре на стадионот на Розенборг, ќе имаат можност да гледаат еден добар натпревар на два тима кои што ќе сакаат да освојуваат бодови во групата. Ние имаме желба за добар резултат и се надевам дека ќе го оствариме утре на теренот тука во Трондхајм“, изјави Глигоров.

Вардарци во првото коло претрпеа убедлив пораз од Зенит, а шансата за бодови сега ќе ја бараат во Трондхајм против Розенборг.