Вардар поразен и во второто коло од Лигата на Европа (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Вардар претрпе уште еден пораз во рамките на групната фаза од Лигата на Европа, овој пат од Розенборг.

Вардарци дефинитивно прикажаа многу подобар фудбал отколку во воведното коло против Зенит, но за жал повторно останаа со празни раце.

Дејан Блажевски уште на стартот можеше да донесе предност за Вардарци, но неговиот удар од дистанца заврши само во стативата на Розенборг.

Никлас Бендтнер го отвори резултатот во 25.минута од натпреварот со гол од белата точка, на 2:0 зголеми Конрадсен, додека третиот гол за домашниот Розенборг го постигна Хеденштад.

Најсветла точка кај „црвено црните“ дефинитивно беше голот на Фелипе кој со сигурност ќе влезе во шпиците за следните промо видеа од Лигата на Европа.

Бразилецот со фантастичен лоб удар го совлада Хансен и го постигна историскиот прв гол на една македонска екипа во европските натпреварувања.