Милан се извлече во последен момент против Ријека, Австрија Виена ја запиша првата победа!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во второто коло од ЕЛ, Милан  успеа да слави победа против хрватскиот претставник во ЕЛ, Ријека.

Првиот погодок за росонерите го постигна Андре Силва во 15тата минута, а вториот Мусачо во 53тата со асистенција на Леонардо Бонучи. Стрелец за Ријека денеска беше Акости во 85тата минута, а изедначувањето го донесе Елез во 90тата минута од пенал, сепак судијата судеше 4 минути продолжение кое Кутроне го искористи и погоди за 3:2.

Драматично беше во Грција, каде што АЕК поведе против Австрија Виена уште во 28мата минута со голот на Марко Ливаја, но пред самиот крај на првите 45 минути, Моншеин стрелаше за изедначување.

Погодокот за победа на Австрија Виена го постигна Тајоури во 50тата минута.