Охрид има „материјал“ за нови ракометни репрезентативци, велат од Школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Охрид од овој месец официјално започна со работа школата за ракомет на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров, како дел од мрежата на школи низ целата држава.

Тренинзите се одржуваат во салите на основните училишта „Григор Прличев“ и „Христо Узунов“, а децата се поделени во две групи, по различна возраст (2009 и помали) и (2004-2008).

Со децата работат познатите спортски работници од Охрид: Наташа Попоска Карче и Наум Јамандиев.

„По соработката со Лазаров на неговиот камп во Охрид без размислување се согласивме со Наум да работиме под капата на човекот кој е синоним за македонски ракомет и синоним за успех. Мене ми е посебно драго што гледам дека Охрид има „материјал“ за нови ракометни репрезентативци, а наша задача е да ги најдеме, да ги донесеме во сала и да го задржиме нивното внимние со тренинзи адаптирани на нивната возраст.“

Јамандиев, од своја страна, посочува дека иако од самиот старт на овој проект и соработката со Кирил Лазаров и агенцијата КМГ Спорт очекувал интерес од страна на децата и нивните родители е изненаден од бројот на дечиња и посветеноста и љубовта со која работат на тренинзите.

„Од страна на организаторот на школата ги имаме сите предуслови да работиме на создавање на нови ракометари, а ние како тренери максимално се даваме на секој тренинг. Впрочем, во работата со децата не ни можеш на друг начин“, вели Наум Јамандиев.

Седумте школи за ракомет „Кирил Лазаров 7“ беа најавени на 1 јули годинава, на завршувањето на третиот по ред ракометен камп на македонскиот ракометен ас, како негов влог во развојот на ракометот во Македонија.