МЗТ Скопје одлично ја започна сезоната во АБА Лигата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје пред 4000 гледачи во салата „Јане Сандански“ славеа голема победа над фаворизираниот Партизан со 92:89 во првото коло од јадранскат АБА Лига.

Натпреварот беше изедначен и за време на сите 40 минути резултатот наизменично се менуваше. И двете екипи имаа свои добри и лоши моменти, а за среќа на аеродромци на крај тие испаднаа како победници.

Партизан во неколку наврати имаше позитива од десет коша, а во последната четвртина влезе со предност од плус шест (61:67). Сепак тоа како да им даде мотив на „Металците“ кои предводени од Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски направија серија од 14:2 и се доближија до голема победа.

Најефикасен на паркетот беше Дамјан Стојановски со 23 поени, додека Трајковски имаше дабл дабл учинок со 20 поени и 14 скокови.

„Металците“ веќе во вторник гостуваат кај ФМП во второто коло од регионалната лига.