Талески со два гола во победата на Рајн Некар над Хановер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рајн Неар Ловен забележа нов триумф во германската Бундеслига откако со убедливи 35:23 славеше против изненадувањето на сезоната, Хановер.

„Лавовите“ мечот го решија во почетната фаза од натпреварот кога направија неверојатна серија од  8:1 која очекувано тешко беше достижна до крајот на натпреварот.

Шанса за настап во тимот на Рајн Некар доби и македонскиот репрезентативец Филип Талески кој беше стрелец на два гола од исто толку обиди.

Најефикасен во редовите на Рајн Некар беше Мадс Ларсен со осум погодоци, а веднаш по него беа Баења и Сигурдсон со по шест постигнати погодоци.