МЗТ Скопје претрпе катастрофален пораз


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимот на МЗТ Скопје по воведната радост против Партизна забележа пораз, прв во новата сезона од АБА Лигата. Македонскиот претставник во регионалното натпреварување претрпе висок пораз од екипата на ФМП со 100:72.

Првата четвртина беше доста израмнета во која се играше атрактивна кошарка полна со реализирани поени. Истата припадна во корист на нашиот претставник со 26:25.

Во вториот период домашниот тим ја диктираше играта и многу брзо се одлепи на плус осум поени позитива. На полувреме ФМП замина со предност од седум кошеви разлика.

Во третата четвртина домашните продолжија онаму каде што застанаа во втората и само ја зголемуваа предноста во однос на МЗТ. Сепак, избраниците на Тодоров се вратија во колосек и успеаја на крајот од периодот да стигнат до негатива од девет коша.

Последните десет минути се претворија во кошмар за МЗТ Скопје. Домаќините играа како по ноти, погодуваа од сите страни и на крај стигнаа до убедлива победа од 28 поени разлика.