Тежок пораз на Чикаго од Далас


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Чикаго во предсезонскиот меч доживеа тежок пораз од Далас Маверикс со 71:118.

Имено, Далас од почетот на натпреварот беше подоминатниот тим на паркетот.

Веќе после 24 минути игра водеа со шест поени разлика, 43:49.

Во второто полувреме веќе започна распад системот на Чикаго. Најпрво во третата четвртина губеа со 17:25, а веќе во последната четвртина Далас за 12 минути постигнаа 44 поени,

додека Чикаго постигнаа 11.

Добра игра кај Далас покажа Харисон Барнес со 17 поени, додека во дресот на Булси најдобри поединци беа Пол Зипсер и Робин Лопез со по 12 поени.