Клоп објасни зошто го избркал Сако


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На големо изненадување, Јирген Клоп, од припремите во САД го избрка Мамаду Сако.

Иако навивачите на Ливерпул најпрво помислија дека се работи за повредата со која Сако има проблеми од претходно, причината е нешто друго.

“Малку недостасуваше тој да го пропушти летот од Ливерпул за Сан Франциско, го немаше на тренингот, а доцнеше и на заедничкиот ручек. Овде сме на почетокот на градење тим. Мислам дека има смисла што го пратив дома, а кога ќе се вратам ќе разговаравме. Имаме правила кои мораме да ги следиме”– објасни Клоп.