Словачка обезбеди втора рунда квалификации за СП!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Словачка ја победи Малта со 3:0 и замина во втората рудна на квалификации за СП. Немец со двата погодоци и Дуда со еден ја однесоа Словачка на второто место.

Сето ова се должи на киксот на Шкотска против Словенија каде натпреварот заврши 2:2.

Грифитс поведе за Шкотска во 32рата, потоа пристигна пресврт од Словенија со двата погодоци на Безјак во 52 и 72 минута. Снодграс во 88мата ја спаси Шкотска од евентуален пораз но недоволно за втора рудна.

Англија оди директно на СП, а денеска славеше против Литванија со 1:0 со голот на Хари Кејн од пенал во 27ма минута.

Во групата Е, Полска денеска славеше со 4:2 над Црна Гора. Мацински и Гроицки за 2:0 во првиот дел, но во 78 и 82 Црна Гора израмни со погодоците на Мугоса и Томашевиќ, сепак недоволно да се запре Полска. Левандовски после 3 минути за 3:2, па автогол на Стојковиќ за 4:2.

Казакстан и Ерменија одиграа реми од 1:1. Стрелци беа Миктаријан за Ерменија и Турсбек за Казакстан.

Данска е таа која од оваа група оди во втората рудна, денеска извади реми со Романија. Ериксен стрелаше за Данска, а Деак во финишот за Романија.