Трап се сели во Дортмунд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пишуваат медиумите во Германија, Борусија Дортмунд планира во своите редови да го донесе голманот на ПСЖ, Кевин Трап.

Од германскиот клуб не се задоволни со изданијата на првиот избор на Петер Бош, Роман Бурки и се во потрага по негова замена.

Изборот паднал на Кевин Трап кој во моментов е втор голман во ПСЖ и е незадоволен со третманот на „Паркот на Принцовите“.

Трансферот на германскиот чувар на мрежата во редовите на Борусија Дортмунд би изнесувал 15 милиони евра.