Барселона притиска за Марсијал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал е на радарот на Барселона.

Како што пишува „Дејли Мејл“ и Марсијал би бил отворен за таква опција затоа што не е во прв план кај Жозе Мурињо.

Францускиот интернационалец ја дели минутажата со Маркус Рашфорд, а во новата сезона е еден од најдобрите фудбалери на клубот. И покрај тоа Марсијал нема загарантирано место во првите 11 на тимот.

Ернесто Валверде е во потрага по замена за Осман Дембеле кој дојде како големо засилување но заработи тешка повреда и ќе отсуствува подолг период од терените.