Карпош Соколи го надигра МЗТ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи со тесни 85:83 славеа против фаворитот за освојување на титулата во македонската Прва Лига, МЗТ Скопје.

Гостинскиот тим од Карпош подобро ги отвори првите две четвртини и со солидна реализација на шутот од поле успеаја на полувреме да одат со предност од плус 14 коша.

На стартот на третата четвртина предноста порасна и на плус 18 поени, но потоа избраниците на Александар Тодоров заиграа многу подобро и успеаја значително да се доближат до соколите. Сепак, на крајот Карпош Соколи ја однесе победата и ги запиша првите бодови во новата сезона.

Најефикасен во редовите на Карпош Соколи беше ветеранот Дарко Соколов со 19 поени и седум асистенции. Кај МЗТ Скопје одличен натпревар одигра Бојан Трајковски кој постигна 34 поени на кои надополни и осум скокови.

Претходно Фени Индустри славеше против Гостивар, а Пелистер на домашен терен го надигра тимот на Шкупи.