Металург убедлив против Чеховски Медведи


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимот на Металург славеше убедлива победа од 26:32 на гостувањето во Русија кај Чеховски Медведи.

Ова е втора победа за тимот од Автокоманда по првите пет кола во групата Д од Лигата на шампионите. Металург одлична солидно прво и фантастично второ полувреме и сосема заслужено се радуваше на победа во далечната Русија.

Во првото полувреме се играше израмнет ракомет во кој ниту еден од тимовите немаше повисока предност од два голови. Затоа, во второто полувреме момците на Александар Јовиќ одиграа одлично и со серија од 4:0 се одлепија на 19:24. Потоа следеше рутинска игра до самиот крај на натпреварот.

Мартин Томовски имаше одличен ден успевајќи да одбрани десет удари на противничкиот тим, а шутерски беше расположен Халил Јагањац кој натпреварот го заврши со девет голови.