МЗТ Скопје со втора победа во АБА Лигата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на МЗТ Скопје со 108:99 славеа на гостувањето во Лакташи кај фаворизираниот тим на Игокеа.

„Штрковите“ беа подобар тим во поголем дел од натпреварот, а тоа беше најмногу благодарение на одличниот шут од поле кој изнесуваше 60% прецизност за два поени. МЗТ Скопје на натпреварот постигна дури 13 тројки, а беа фантастични и под кошевите со 22 скокови повеќе од Игокеа.

Дамјан Стојановски имаше перфектно прво полувреме во кое реализира 17 поени без ниту едно промашување. Јордан Минчев мечот го заврши со 19 коша, додека Бојан Трајковски и Брет Бејли реализираа по 17.