Дортмунд останува без победа, нерешено беше и во дербито во Мадрид!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сепак Борусија Дортмунд после двата порази од Тотенхем и Реал Мадрид и вечерва останува без победа бидејќи одигра 1:1 на Кипар против Апоел од Никозија.

Мирно беше без голови во првото полувреме. Во второто резултатот го отвори Поте со 1:0 за Апоел во 62рата, но брзо врати Дортмунд преку Сократис после 4 минути но недоволно за три бода иако доминираа на теренот во Никозија.

Истиот резултат беше и во Мадрид само што таму беше донесен уште во првиот дел.

Варан си постигна автогол и Тотенхем водеше со 1:0, но подоцна пред финишот на првиот дел Кристијано Роналдо стрелаше од пенал за изедначување.