Почна НБА сезоната: Фантастичен натпревар меѓу Кливленд и Бостон


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новата сезона во НБА Лигата, 72. по ред започна со утринските наптревари во кои Кливленд славеше против Бостон со 102:99 во дербито на источната конференција, а Хјустон го изненади бранителот на трофејот Голден Стејт со 122:121 на западот.

Кливленд Кавалерс беше поуспешен од Бостон Селтикс со резултат 102:99 во натпреварот кој ја отвори новата сезона во НБА Лигата.

Натпреварот започна со страотната повреда на Гордон Хејворд кој заработи скршеница на левата нога и веднаш беше префрлен во болница.

Тимот на Бостон стигна негатива од -18 кошеви, но Кливленд предводен од Ле Брон Џејмс и Кевин Лав во финишто од натпреварот оствари триумф на почетокот на сезоната.

Тројка за продолжение во последната секунда од мечот промаши Кајри Ирвинг, кој во Кливленд беше дочекан со исвиркувања откако ова лето направи трансфер од Кавс во Бостон.

Ле Брон беше блиску до трипл-дабл учинок постигнувајќи 29 поени, 16 скокови и девет асистенции, додека Лав натпреварот го заврши со 15 поени и 11 скокови. Во Бостон Џејлен Браун беше најпрецизен со 25 поени, додека Кајри Ирвинг во своето официјално деби постигна 22 поени.

Во вториот натпревар Хјустон во драматичен финиш дојде до изненадувачка победа на паркетот на актуелниот шампион најмногу благодарение на Џејмс Харден кој имаше неверојатен меч.

Слично како Бостон, и Хјустон стигна голема разлика од -17 поени, со тоа што на крајот славеше изненадувачка победа.

Џејмс Харден натпреварот го заврши со 27 поени, додека Ерик Гордон уфрли 24 кошеви. Кај Голден Стејт Вориорс Ник Јанг зпаиша 23, Стеф Кари 22, а Кевин Дурент 20 поени.