Шкендија по пенал рулетот го совлада работнички


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес на програмата беа реванш мечевите од осминафиналето од Купот на Македонија.

Најинтересен натпревар се одигра во Тетово каде Шкендија и Работнички патникот во четврт-финалето го одлучија по изведување на пенали откако во регуларниот дел резултатот заврши 1:1.  Екипата на Шкендија  е конечен патник во следната фаза по подоброто изведување пенали. За „Романтичарите“ Ерера, Митрев и Тодоров не успеаја да погодат од белата точка.

Драматичен натпревар се одигра и во Струга каде домашниот тим на Струга Трим и Лум имаше предност се до 95. минута од натпреварот кога избраниците на Костов погодија за 2:2.

Академија Пандев неочекувано лесно со 5:0 славеше против Силекс, додека Пелистер без поголем проблем го победи Борец од Велес.

Резултати 1/8 финале Куп на Македонија

Шкендија– Работнички 1:1 (3:2 пенали)

Академија Пандев- Силекс 5:0

Еуромилк- Скопје 0:3

Победа: Брегалница 5:2

Борец- Пелистер 1:3

Струга Трим и Лум- Ренова 2:2