Вашингтон подобар од Филаделфија, Портланд го растури Феникс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По воведните два натпревари во првиот ден од НБА Лигата, најсилната лига во светот продолжи со 11 нови натпревари кои се одиграа рано утрово.

Најинтересниот натпревар се одигра во Вашингтон каде домашниот тим го надигра тимот на Филаделлфија. Вашингтон во последните две минути во натпреварот влегоа со предност од седум поени, но Сиксерси со серија од 5:0 се доближија само на минус два. Сепак, Марсин Гортат на десет секунди пред крајот реализираше две слободни фрлања за плус четири, нешто што беше недостижно за Филаделфија до самиот крај.

Џон Вол натпреварот го заврши со 28 поени на кои придодаде и осум асистенции. Одличен настап имаше и Бредли Бил кој постигна 25 поени за победничкиот состав. Роберт Ковингтон со 29 поени беше најдобар кај Филаделфија.

Екипата на Феникс Санс го доживеа најтешкиот пораз во 49 годишната историја на клубот. Портланд славеше со 48 поени разлика, а победата е уште позначајна со оглед на фактот што поради суспензија не настапи нивниот втор најдобар играч, СиЏеј Меккалум. Демиан Лилард со 27 поени беше најпрецизен кај Портланд, а 24 постигна Пат Конотон. Ерик Бледсо со 15 поени беше најефикасен кај Феникс Санс, додека Бендер имаше катастрофална вечер во која уфрли само два поени.

Грчкиот кошаркар Џианис Антетокоунмпо новата сезона ја отвори со фантастични 37 поени и 13 скокови во гостинската победа на Милвоки во Бостон. Пред натпреварот на гледачите им се обратиГордон Хејврод кој забележа тешка повреда на вчерашната средба. Хејворд е успешно опериран и се очекува да се врати на терените дури следната сезона. Милвоки доминираше во текот на целиот натпревар, а до победата стигнаа по одличната серија во третата четвртина кога беа доста ефикасни во нападот.

Резултати:

Вашингтон- Филаделфија 120:115

Орландо- Мајами 116:109

Детроит- Шарлот 102:90

Индијана-Бруклин 140:131

Бостон- Милвоки 100:108

Мемфис- Њу Орлеанс 103:91

Далас- Атланта 111:117

Јута-Денвер 106:96

Сан Антонио- Минесота 107:99

Сакраменто- Хјустон 100:105

Феникс-Портланд 76:124