Риека слави историска победа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот тим кој во првите две рунди претрпе пораза до триумф во Виена стигна најмногу благодарение на Марио Гаврановиќ кој постигна два гола.

Најпрво во 21. минута го искористи додавањето на Брдариќ и од прва ја погоди мрежата на ривалот, а десет минути подоцна повторно го совлада голманот на домашниот тим.

Во самиот финиш резултатот го намали Фрајзенбилхер, а практично во следниот напад Кврзиќ ја потврди победата на Риека.

Милан и АЕК одиграа здодевно реми на „Сан Сиро“. Милан со седум е на првата позиција во групата, АЕК е на второто место со пет додека Риека има три бода на третата позиција.

За хрватскиот тим целиот натпревар го одигра повремениот македонски репрезентативец, Леонард Жута.

Во групата Е, Евертон продолжи со лошите резултати откако беше поразен на домашен терен од екипата на Лион.

Францускиот тим славеше со головите на Фекир во 6. минута и Траоре во 75 минута. Ешли Вилјамс беше единствен стрелец за „Карамелите“ на овој натпревар.

Избраниците на Роналд Куман имаат само еден бод во Лигата на Европа и се наоѓаат на дното на табелата. Прва е Аталанта со седум бода која во Бергамо славеше против Аполон со 3:1. Лион е второпласиран со пет бода.

Милан-АЕК 0:0

Аталанта- Аполон 3:1

Австрија Виена- Риека 1:3

Динамо Киев- Јанг Бојс 2:2

Евертон- Лион 1:2

Хофенхајм- Басакшехир 3:1

Шериф- Лок. Москва 1:1

Скендербег- Партизан 0:0

Виљареал- Славја Прага 2:2

Злин- Копенхаген 1:1