Милан го посакува Видал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од редовите на Милан се заинтересирани за дефанзивецот на Барселона, Алеикс Видал.

По пристигнувањето на Нелсон Семедо од Бенфика и играњето на Серхи Роберто на позицијата десен бек, Видал се поретко добива шанса од Ернесто Валверде во почетниот состав на Барселона.

Милан во овој момент нема десен бек откако новото засилување Андреа Конти доживеа тешка повреда и нема да може да настапува за тимот оваа сезона.