Бостон со прва победа во новата сезона, одличен натпревар во Феникс


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бостон ја оствари првата победа во сезоната по два последователни порази. Одличен натпревар се одигра во „Токинг Стик Ресорт“ арената помеѓу Феникс и Лос Анџелес Лејкерс.

Филаделфија конечно играше во полн состав, но за жал Сиксерс забележаа уште еден пораз. Натпреварот во поголем дел беше изедначен, на моменти дури Филаделфија имаше поголема предност, но Кајри Ирвинг влезе во ритам во последната четвртина и погодуваше од сите страни.

Од друга страна Џоел Ембид своите први поени ги постигна дури на средината на третата четвртина, ударот за три поени му беше мизерен, но сепак на крај оствари дабл-дабл учинок со 11 поени и 14 скокови. Кајри Ирвинг беше предводник на Селтикс со 21 поен, а солидна партија имаше и Ал Хорфорд кој натпреварот го заврши со 17 постигнати кошеви на кои придодаде девет скокови. Кај Филаделфија најпрецизен беше Џеј Џеј Редик со 19 поени.

Во дербито на Истокот, Кливленд гостуваше кај Милвоки Бакс. Уште една одлична партија имаше Џианис Антетокунмпо кој постигна 34 поени кои не беа доволни за победа на неговиот тим против Кавс. Ле Брон Џејмс со 24 поени и Кевин Лав со 17 беа носителите на триумфот на Кливленд кој со две победи е на врвот на Источната конференција.

Голден Стејт Вориорс стигна до првата победа оваа сезона. Во Њу Орлеанс, „Воините“ надополнија негатива од 15 поени најмногу благодарение на катастрофалната одбрана на „Пеликаните“. Клеј Томпсон го предводеше актуелниот шампион со 31 поен, Стеф Кари додаде 28, додека Кевин Дурант имаше 22 поени на кои додаде и неверојатни седум блокади. Ентони Дејвис и ДеМаркус Казнс имаа фантастична вечер за Њу Орлеанс постигнувајќи по 35 поени надополнети со 17, односно 14 скокови.

Лос Анџелес Лејкерс славеше победа на гостувањето кај Феникс Санс со 132:130. Доста интересен натпревар гледавме во „Токинг Стик Ресорт“ арената кој на крајот му припадна на гостинската екипа. Брендон Инграм уфрли 25 коша за Лејкерс, Брук Лопез додаде 19 поени надополнети со 11 скокови. Уште еден одличен натпревар за Феникс имаше Ерик Бледзо кој постигна 28 коша кои беа недоволни за Феникс да се израдува на првата победа во сезоната.

Резултати:

Милвоки- Кливленд 97:116

Шарлот- Атланта 109:19

Индијана- Портгланд 96:114

Филаделфија- Бостон 92:102

Вашингтон- Детроит 115:111

Бруклин- Орландо 126:121

Минесота- Јута 100:97

Далас- Сакраменто 88:93

Њу Орлеанс- Голден Стејт 120:128

Феникс- ЛА Лејкерс 130:132