Вардар останува со стопостотен ефект во СЕХА


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Вардар останува единствениот тим со стопостотен ефект во СЕХА Лигата. Вардарци и по шест одиграни кола остануваа непоразени по триумфот во Словенија над Целје со 31:28.

Сега Вардар е шест бодови пред Мешков Брест и Татран Прешов на табелата во регионалниот шампионат.

„Црвено црните“ натпреварот во Словенија го играа без Рожерио Мораеш, Хорхе Македа и Столе Стоилов, но тоа не претставуваше проблем за избраниците на Раул Гонзалез.

Тимур Дибиров со шест погодоци беше најефикасен во редовите на Вардар, а  Карачиќ и Абутовиќ мечот го завршија со по четири голови.