Уште еден одличен натпревар на Манасков за Веспрем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и член на унгарскиот гигант, Веспрем одигра одличен натпревар за неговиот тим на натпреварот против Пик Сегед. Манасков постигна шест гола во победата на Веспрем на гостувањето во Сегед со 30:21.

Дејан Манасков се повеќе добива поголема минутажа од тренерот на актуелниот шампион на Унгарија, Љубомир Врањеш и ја користи на најдобар можен начин.

Победата на Веспрем беше од многу важно значење затоа што Пик Сегед е еден од конкурентите за шампионската титула во Унгарија.