Рутинска победа на МЗТ против Струмица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на МЗТ Скопје без проблеми, лесно и убедливо славеше на гостувањето во Струмица против истоимениот противник со 94:77.

Аеродромци на овој натпревар настапија без Бојан Трајковски кој доби слободен ден. И отсуството на најдобриот играч на МЗТ не претставуваше пречка за убедлива победа против струмичани.

Младите Андреј Масилнко и Адем Мекиќ со по 16 поени беа најефикасни во таборот на МЗТ Скопје, додека Даниел Џенсен и Јордан Минчев постигнаа по 11 поени.

Следен предизвик за МЗТ Скопје ќе биде гостувањето во Белград кај Црвена Звезда во рамките од 6. коло од регионалната АБА Лига.