Милан се врати на победите, Јувентус рутински против СПАЛ


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус го победија СПАЛ со убедливи 4:1 во натпреварот од 10. коло од Серија А.

Торинскиот клуб стигна до осмата победа во сезоната, втора по ред, па сега се наоѓа на третата позиција на табелата со 25 бодови, еден помалку од Интер и три помалку од Наполи.

Домаќинот според очекувањата немаше проблеми, па уште во 22. минута водеше со 2:0 по головите на Бернардески и Дибала. Гостите имаа активен резултат на полувреме затоа што Палоски намали на 2:1 во 34. минута. Сепак, во продолжение немаше никакви дилеми. Игуаин погоди за 3:1, а Квадрадо пет минути подоцна зголеми на 4:1.

Наполи се мачеше на гостувањето во Џенова, но забележа вредна победа со 3:2. Џенова поведе со голот на Тарабт во 4. минута, а во продолжение следеше шоу на Дрис Мертенс кој со хет-трик му донесе нова победа на Наполи, деветта оваа сезона. Во домашниот тим десетина минути настапи и нашиот репрезентативец, Горан Пандев.

Убедлива победа на гостувањето во Киево оствари Милан кој конечно се врати на победничките патеки. Головите за „Росонерите“ ги постигнаа Сусо, Чалханоглу и Калиниќ. Еднаш Цезар си ја затресе сопствената мрежа.

Резултати:

Аталанта- Верона 3:0

Рома- Кротоне 1:0

Болоња- Лацио 1:2

Каљари- Бенвент 2:1

Киево- Милан 1:4

Фиорентина- Торино 3:0

Џенова- Наполи 2:3

Јувентус- Спал 4:1