Челси славеше против Евертон, Вест Хем го изненади Тотенхем


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси се пласираа во четврт-финалето од Карабао купот откако вечерва на „Стемфорд Бриџ“ славеа против Евертон со 2:1.

Водечкиот погодок го постигна Антонио Рудигер во 26. минута од натпреварот. Следниот погодок падна дури во 93. минута кога на 2:0 зголеми Вилијан. Само една минута подоцна Калверт Луин намали на 2:1, но веќе беше доцна за Евертон барем да стигне до реми на овој натпревар.

За Челси вечерва својот деби настап го имаше Дени Дринквотер кој на теренот помина 62. минути.

Екипата на Вест Хем со пресврт славеше на гостувањето кај Тотенхем со 3:2. Со оваа победа Славен Билиќ „си купи“ уште малку трпение и време од управата на „Чеканите“.  Сисоко уште во 6. минута го отвори резултатот, а Деле Али во 37. зголеми на 2:0. Се чинеше дека Вест Хем ги чека уште еден пораз, но избраниците на Билиќ во продолжение заиграа многу подобро.

Андре Ају со два гола во 55. и 60. минута ја стопи предноста на Тотенхем, а пресвртот го направи Анџело Огбона со гол во 70. минута.