Ливерпул доби одличен, но не многу дисциплиниран фудбалер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наби Кеита, кој следното лето ќе се приклучи на екипата на Ливерпул, беше исклучен по трет пат во својот седми натпревар за Лајпциг оваа сезона.

22 годишниот фудбалер доби црвен картон на вчерашниот натпревар со Баерн Минхен само две недели откако беше исклучен за репрезентацијата на Гвинеа во квалификацискиот натпревар за СП против Тунис. Минатиот месец Кеита заработи уште еден црвен картон на натпреварот против Борусија Мехенгладбах.

Ливерпул ќе плати 48 милиони фунти на Лајпциг за услугите на фудбалерот, но очигледно ќе мора да поработи на неговата дисциплина во иднина.