ФИФА потврди: Панчев и Најдоски официјално светски клупски шампиони


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓународната фудбалска федерација донесе конечна одлука сите освојувачи на некогашниот Интернационален куп кои титулите ги освоиле помеѓу 1960 и 2004 година официјално да се прогласат за светски клупски шампиони.

ФИФА со оваа одлука ги отфрли сите шпекулација и оспорувања на клубовите кои до 2005 година го освојуваа Интернационалниот куп. Имено, до 2005 година Интернационалниот куп го играа само шампионите на Европа и Јужна Америка, а од следната година во ова натпреварување се вклучија тимовите од целиот свет.

Црвена Звезда по одлуката на ФИФА и официјално е Светски клупски шампион и титулата освоена во 1991 година е признаена. Белградскиот тим го победи Коло Коло со 3:0 во финалето и стана освојувач на Купот на Шампионите. Еден од погодоците беше дело и на нашиот Дарко Панчев, а во составот на „црвено белите“ целиот натпревар го одигра и Илија Најдоски.