Продолжува негативната серија на Вардар, Шкендија на +11


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Вардар продолжува со слабите резултати во домашниот шампионат. Актуелниот шампион на Македонија денес беше запрен во Кратово играјќи само 0:0 со екипата на Силекс.

Домашниот тим имаше и голема шанса во 26. минута од натпреварот кога Филип Тимов не успеа да реализира удар од белата точка.

Шкендија со сигурно 2:0 славеше на гостувањето кај Победа во Могила. Хасани уште во 9. минута го отвори резултатот, а Ибраими во последните моменти од средбата ги постави конечните 2:0.

Работнички влезе во победнички ритам врзувајќи ја третата победа по ред. По Пелистер и Вардар, денес на менито на Работнички беше Шкупи кој беше поразен со минимален резултат (1:0). Стрелец на единствениот погодок беше Нигериецот, Чарлс Гофри во првата минута од продолжението на првиот дел.

Продолжува мизеријата и за битолски Пелистер кој и без Захариевски забележа пораз на гостувањето кај Скопје. Стрелец на единствениот погодок беше Десниќ во 35. минута од мечот.

На табелата прва е Шкендија со 11 поени разлика пред Вардар кој има и два натпревари помалку од тетовскиот клуб.