Заминува еден од најдобрите играчи на РК Охрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден  од најдобрите играчи на ракометниот клуб Охрид, Јосип Кежиќ ќе го напушти градот под Самуиловите тврдини и кариерата ќе ја продолжи во грчкиот клуб ПАОК.

Хрватскиот интернационалец кој повеќе од две сезони е еден од клучните играчи на охридскиот клуб сам побарал исписница од клубот.

Тоа го потврди и тренерот на РК Охрид, Горан Андоновски кој на својот фејсбук профил напиша дека Кежиќ ја добил потребната исписница.