Јаневски: Да го поправиме впечатокот од првиот натпревар


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Предводникот на актуелниот македонски фудбалски првак, Чедомир Јаневски на официјална прес конференција го даде своето мислење пред утрешниот натпревар со Реал Сосиедад.

Јаневски истакна дека се надева дека со добра организација и добра игра ќе направат добар резултат.

„Ни остануваат уште три натпревари во Лигата на Европа, почнувајќи од ова тешко гостување кај Реал Сосиедад. Знаеме за каков тим се работи, но ние треба да гледаме како Вардар ќе го одигра овој натпревар, и со една добра организација, добра желба да направиме добар резултат. Во овие неколку денови после првенството добро се подготвуваме. Знаеме дека сме во резултатска криза, но овие натпревари ни даваат шанса и можност да се докажуваме во Европа. Ќе направиме се што е во нашите можности да се надигруваме со еден силен тим, и сакаме лошиот впечаток и лошиот резултат кој го имавме на домашен терен, да го поправиме и да дојдеме до позитивен резултат. Нашиот противник во Скопје имаше добра организација, игра со многу додавања. Можеби на првиот меч им дадовме многу голем простор да играат по страничните позиции каде што тие се најсилни. Затоа тоа треба да ни биде поука, да имаме подобра организација и помалку простор да им оставаме на реваншот и со тоа да стигнеме до посакуван резултат“ – изјави Јаневски на денешната прес конференција.