Фелипе: Да одиграме најдобро што знаеме и да извлечеме поволен резултат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на Вардар, Бразилецот Хуан Фелипе говореше на денешната прес конференција пред натпреварот со Реал Сосиедад.

Бразилецот истакна дека пред нив е еден исклучително тежок натпревар, но доколку одиграат на највисоко ниво можат да извлечат поволен резултат.

„Не очекува навистина тежок меч. Против нас имаме квалитетен состав, свесни сме со кого играме. Но, ќе дадеме се од себе на утрешниот натпревар. Ќе се обидеме да изненадиме. Се наоѓаме во тешка ситуација и мала резултатска криза криза, не знам зошто е тоа така. Единствено што можеме да направиме е да дадеме се од себе. Имаме голем предизвик пред нас, но треба да играме најдобро што знаеме и да го извлечеме најповолниот резултат за нас“, изјави Фелипе.

Натпреварот на „Аноета“ се игра утре со почеток од 21:05 часот.