Симоновски имаше одлично враќање на терените, но МЗТ загуби од Блокотехна


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тимот на МЗТ Скопје претрпе нов пораз, овој пат во домашниот шампионат откако тимот на Блокотехна со 85:77 славеше во „Јане Сандански“.

Гевгеличани му одржаа вистинска лекција на актуелниот шампион, и во ниту еден момент не дозволија победата да им биде доведена во прашање.

Данило Мијатовиќ со 21 поени и 10 скока беше предводник на Блокотехна, додека еден поен помалку од него постигна Двејн Бенџамин.

Кај МЗТ најефикасен беше повратникот на паркетот, Марко Симоновски кој реализираше 19 поени, четири асистенции и два скока. Јуре Лалиќ и Бојан Трајковски реализираа по 17 поени.

На табелата прва е екипата на Блокотехна која заедно со Работнички се уште немаат пораз во нашиот шампионат, додека МЗТ Скопје се наоѓа на петтата позиција.