Мавра нов играч на МЗТ Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


23 годишниот хрватски интернационалец, Доминик Мавра е нов член на МЗТ Скопје, откако денес беа завршени сите формалности околу договорот.

Мавра ги покрива двете бековски позиции и ќе биде големо засилување за тимот од Аеродром. Хрватот сезоната ја започна во Хувентуд, но доби предвремен раскин на соработката. Минатата сезона Мавра беше член на Карпош Соколи, а на 19 средби во АБА Лигата имаше по 9,2 поени по просек надополнети со 3,7 асистенции.

Мавра ќе пристигне во Скопје во текот на утрешниот ден, а своето деби ќе го има против Мега Бемакс во недела.