РК Охрид ќе продолжи да функционира со истиот тренер и играчки кадар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


РК Охрид ќе продолжи да функционира со актуелниот тренер и играчки кадар, ова денеска беше најавено на состанокот на бордот на директори, спонзори и поддржувачи на клубот, што денеска се одржа на иницијатива на Општина Охрид. Покрај ова, договорено е да се одржи вонредно собрание на кое ќе бидат избрани соодветните тела на РК Охрид согласно законот за акционерски друштва.

Иако деновиве пред првенствен натпревар екипата остана без услугите на еден од најквалитетните ракометари, Јосип Кежиќ, без знаење на тренерот, а големо беше незадоволството и на дел од другите ракометари, сепак од Локалната самоуправа најавуваат дека ќе сторат се да продолжи убавата приказна на охридскиот ракометен тим.

Многупати досега е потенцирано дека Охрид минатата сезона го направи најголемиот клупски успех, кој сезонава беше надграден со уште поголем, односно пласманот во второто коло од ЕХФ Купот. Затоа сите очекуваат дека ќе продолжи убавата приказна на составот предводен од Горан Андоновски и дека љубителите на ракометот во градот покрај езерото ќе имаат можност да гледаат уште квалитетни натпревари.