Интер останува непоразен во Серија А


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првата денешна средба од 12. коло во Серија А, Интер и Торино ги поделија бодовите играјќи без победник, 1:1.

Интер имаше прилика барем на неколку часа да биде на врвот во Серија А, но по 90 минути со Торино ќе мора да се задоволи со бодот кој го освои. На крајот натпреварот заврши 1:1, а Интер мораше да го брка водството на Торино.

Торино во 60. минута стигна до водство со голот на Јаго Фалке кој одлично шутираше од работ на шесанесетникот и ја затресе мрежата на Хандановиќ.

Интер резултатот го изедначи во 79. минута кога Едер го искористи одличниот пас на Мауро Икарди со што го постави конечниот резултат на средбата.