Манчестер Сити не запира, совладан и Арсенал


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во големото дерби на „Етихад“ Манчестер Сити со 3:1 беше подобар од Арсенал и така ја врати разликата од плус осум во однос на Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Во првото полувреме де Брајн го отвори резултатот и донесе предност за домашниот тим. Во второто полувреме паднаа уште три гола. Најпрво Агуеро погоди за 2:0, а знак на надеж за Арсенал донесе Лаказет кој го совлада Едерсон.

Сепак, конечниот резултат го постави Габриел Хесус на асистенција на Силва. Сепак тој погодок беше доста контроверзен со оглед на тоа што Силва беше во офсајд кога ја доби топката пред да го проигра Габриел.