Пелистер без проблем ја совлада Победа во Купот на Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на битолски Пелистер со убедливи 5:2 славеше во пелагониското дерби во првиот ¼ финален натпревар од Купот на Македонија.

Со ваквата висока победа битолчани речиси сигурно си го „чекираа“ билетот за полуфиналето и веројатно вториот натпревар ќе биде само формалност.

Во Тетово, Ренова со 2:0 славеше против Скопје, а головите за „гипсарите“ ги постигнаа Филип Петковски и Стефан Костов.

Академија Пандев го победи единствениот второлигаш меѓу четвртфиналистите, Тетекс со 2:0. Пандевци до победата стигнаа на гостински терен, а творци на истата беа Мишов и Балдовалиев.