Јапонија ја почувствува моќта на Бразил (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последните пет натпревари против Бразил, селекцијата на Јапонија има примено дури 20 голови, а постигнала само два.

Јужно американците немаа милост ни на денешниот натпревар против Јапонците, во пријателскиот натпревар одигран во Франција (3:1).

Бразилците работата ја завршија уште во првото полувреме. Најпрво Нејмар погоди за 1:0 од белата точка уште во 10. минута. На 2:0 зголеми Марсело со еден прекрасен погодок во 17. минута, а третиот гол го постигна играчот на Манчестер Сити, Габриел Жезус во 36. минута.

Најскапиот фудбалер на светот секунди пред голот на Марсело не искористи уште еден пенал. Поразот на Јапонија го ублажи Томоаки Макино во 63. минута од натпреварот.

Србија со новиот предводник Младен Крстајиќ забележа очекувана победа против Кина со 2:0. Стрелци на головите за Србите беа Адем Љаиќ и Александар Митровиќ.