Со триумф заокружена најуспешната година во репрезентативниот фудбал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентацијата на Македонија со победа против Норвешка ја заокружи најуспешната година во репрезентативниот фудбал.

Избраниците на Игор Ангеловски го совладаа гостинскиот противник со 2:0, а стрелци на погодоците беа капитенот Горан Пандев и фудбалерот на Работнички, Кире Маркоски.

Голот на охриѓанецот Маркоски беше негов дебитантски во дресот на најдобрата македонска репрезентација, додека Горан Пандев го постигна својот 31-ви гол во дресот со националниот грб.

Со оваа победа ставаме крај на историската 2017 година во која забележавме пет победи, три нерешени и само еден пораз и тоа од селекцијата на Шпанија, натпревар во кој минимално бевме поразени од „Црвената фурија“.