Вардар лесно против ППД Загреб


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Вардар славеше убедлива победа на гостувањето во Загреб кај екипата на Прво Плинарско Друштво.

Вардарци без проблеми со резултат 23:29 (10:15) го надмудри противничкиот тим предводен од Касим Каменица.

Нашиот шампион делуваше моќно и предводен од Арпад Штербик кој забележа 20 одбрани ги однесе бодовите од хрватскиот главен град. Иван Чупиќ беше најдобар стрелец со седум голови, додека Стипе Мандалиќ натпреварот го заврши со шест голови.

Вардар во следното коло го игра дербито против Рајн Некар Левен кое може да го реши прашањето за освојувањето на првото место во групата и директниот пласман во четвртфиналето.