Репрезентацијата на Македонија до 19 години го растури Лихтенштајн


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската репрезентација до 19 години славеше убедлива победа со 6:0 против соодветната селекција на Лихтенштајн.

Со оваа победа нашите надежи завршија први во групата со максимални девет бодови, нешто што за прв пат се случува во нашата историја.

Избраниците на Вујадин Станојковиќ приредија вистинско гол шоу и со головите на Чурлинов, Колевски, Митровски и Миовски стигнаа до убедлива победа.

Најпрво Чурлинов го отвори резутлатот уште во 3. минута, а само четири минути подоцна Колевски зголеми на 2:0. Митровски  беше стрелец на следните два гола во 25. и 56. минута, а играчот на Карабах, Миовски ги постигна последните погодоци за нашата селекција во 62. и 73. минута.