Познат последниот патник во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По натпреварот Перу-Нов Зеланд го добивме и последниот, 32 учесник на Светското првенство во Русија следната година.

Станува збор за селекцијата на Перу која после ремито на првиот натпревар (0:0) славеше во реваншот со 2:0. Гостите од Нов Зеланд ги „начна“ Џеферсон Фарфан во 28. минута, а ги докрајчи Кристијан Рамос во 65. минута од натпреварот.

Перу е петтиот учесник од Јужна Америка на Мундијалот, а ова е нивно петто појавување на најголемата светска фудбалска смотра. Досега најголем успех им е четврт-финалето во Мексико од 1970 година.