Голеада на терените низ Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како ретко досега куп голови паднаа на денешните натпревари од Првата Македонска фудбалска лига.

На терените поради временските прилики условите за игра беа лоши, но тоа не им пречеше на фудбалерите да ги тресат мрежите.

Седум гола беа постигнати во Тетово на натпреварот Ренова-Вардар (2:5) и во Битола каде што Академија Пандев славеше против Пелистер со 4:3.

Работнички се разбуди од лошиот сон и уште еднаш прикажа одличен фудбал, овој пат совладувајќи ја прилепска Победа со 4:0. Шкендија стигна до рутинска победа од 2:0 на гостувањето во Кратово кај Силекс.

Резултати:

РЕНОВА – ВАРДАР 2:5
Гафури 26’, 32’ – Велија 5’(аг), Блажевски 13’(п), Максимов 30’, Хуан Фелипе 45’, Итало 90’
РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 4:0
Маркоски 4’, Гофри 30’, 56’, Сержо 74’
СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА 0:2
Жуниор 50’, Ибраими 73’
ПЕЛИСТЕР – А. ПАНДЕВ 3:4
Трифуновски 6’, Попзлатанов 56’, Ковачев 82’(п) – Вареловски 19′, Балдовалиев 34’, 47’, Стоилов 52’
СКОПЈЕ – ШКУПИ одложен