Дури десет играчи ќе заминат од Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од Барселона за следната сезона планираат да имаат речиси нов играчки кадар, но за да се случи тоа најпрво ќе треба да ја „исчистат“ соблекувалната од непотребните играчи.

Каталонците со сигурност ќе донесат нови засилувања, но за едни да дојдат мора други да заминат. Тренерот Ернесто Валверде наводно составил „црна листа“ за зимскиот и летниот преоден рок.

Шпанските медиуми шпекулираат дека на излезните врати од клубот се: Силесен, Маскерано, Диње, Видал, Вермален, Рафиња, Арда Туран, Денис, Андре Гомеш и Пако Алкасер.

Валверде на некои од овие играчи воопшто нема да смета за во продолжението на сезоната, а другите ќе може да помогнат со тоа што ќе добијат одредена минутажа по која ќе имаат шанса и за дополнителни докажувања.

Што се однесува до трансферите во Барселона, во игра се неколку стари имиња, пред се станува збор за Кутињо, но во последно време се појавија и нови трансфер мети на Каталонците. Една трансфер цел е прилично сензационална. Имено, како што пренесува „Мундо Депортиво“ од Барселона како алтернатива за Кутињо го избрале Месут Озил, поранешниот играч на најголемиот ривал Реал Мадрид.

Германскиот играч  е добра опција за Каталонците поради своите технички квалитети кои се вклопуваат во филозофијата на Барселона. Од друга страна каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека на радарот на Барселона е и Набил Фекир, 24 годишниот играч на Лион кој игра во неверојатна форма.