„Милионерите“ во криза, без победа пет натпревари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Борусија Дортмунд продолжува со слабите резултати во последниот месец. „Милионерите“ денес претрпеа пораз на гостувањето кај Штутгарт со 2:1.

Гостите на натпреварот стигнаа без неколку важни играчи, пред се без Обамејанг кој беше суспендиран од клубот, како и без Пулишиќ кој е повреден.

По неверојатната грешка на Бартра, Штутгарт дојде до рано водство со голот на Аколо. Резултатот го израмни Максимилијан Филип во третата минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Конечниот резултат го постигна Брекало кој во 51. минута од натпреварот го совлада Темо Бурки.