Вардар минимално во вечното дерби


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Екипата на Вардар славеше минимална победа од 1:0 против Пелистер во вечното македонско дерби и со тоа на најдобар можен начин го честита 30 роденден на навивачката група „Комити“.

„Црвено црните“ иако фаворити долго се мачеа да го пронајдат патот до мрежата на Јовановски. Вардарци дури во 65. минута преку Муслиу стигнаа до предност од 1:0 што на крајот испадна и конечен резултат.

Пелистер постигна погодок во 85. минута преку младиот Матеј Цветаноски но истиот беше поништен поради дискутабилен офсајд.