Пријавуваат во полиција зошто тимот им игра слабо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вест Хем никако да почне да игра на нивото и покрај големата сума на пари која беше издвоена во летниот преоден рок за засилувања.

„Чеканите“ влегуваат од лошо во полошо, па ни промената на тренерот не успеа да го стабилизира лондонскиот клуб. Дејвид Мојс кој го земени Билиќ нема по добро да го памти своето деби на клупата на Вест Хем.

Вчера на гостувањето кај Вотфорд беа поразени со 2:0 што им е трет пораз во последните четири првенствени натпревари.

Навивачите бесни на комплетниот клуб, од играчи до управа, своето незадоволство го искажаа на прилично необичен начин. Имено, британската полиција ги предупреди фановите на Вест Хем да престанат да го повикуваат бројот 999 кој се користи за итни случаи за да се бунат околу играта на својата екипа.